Неплатено родителско отсуство за мајката како една од мерки до 3-годишна возраст на дете, од три месеци ќе се зголеми на четири месеци. Ова е влезено во програмата за парламентарните избори, истакна кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 2, Емилија Трајковска.
– Реформа на системот за доење, скратување на работното време, односно паузата за доење да ја користат така што ќе можат мајките да дојдат подоцна на работа, односно да излезат порано од работа. Тоа е еден од важните проекти – вели Трајковска.
Таа додава дека од голема важност е и проектот 100 нови детски градинки од кои за Куманово се предвидени седум градинки. Тука е и проектот за формирање на Центар за рана детекција на деца со аутизам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.