| четврток, 6 декември 2018 |

Mорничаво видео од Зоран Маријановиќ: На 10 години зборува за убиства

Зоран Маријановиќ моментално се наоѓа во Централниот затвор, каде ќе остане во наредните 30 дена, односно се додека трае истрагата за убиството на неговата сопруга Јелена Маријановиќ, за да не може да има влијание над сведоците.

Краткотрајниот престој на Зоран во српското реалити шоу „Задруга„ предизвика поделени мислења помеѓу учесниците, кои се наоѓаа во куќата. Додека едни мислеа дека се работи за „ментално пореметен убиец„, други го променија мислењето за Зоран на подобро.

Дека Маријановиќ е помалку чуден, говори и снимка стара 28 години, на која Зоран има само 10 години и пред камери зборува за паранормални појави.

Маријановиќ во 1990 година за емисијата „Трето око„ открива дека уште од седум години, доживува астрална проекција во сон.

-Астралниот свет е свет на мртви, како да ви објаснам, кога заспивам, одам до првото ниво на астра- започнал со својата исповед Зоран.

-Има четири негативни и седум позитивни нивоа. Можеби се и повеќе, но јас сум поминал само 4. Негативните се за убијци и за оние кои не прават позитивни работи. Таму видов луѓе, кои и не личат баш на луѓе. Се е црно – бело. Има и ниво за самоубијци. Зависи како се самоубиле така и изгледаат- раскажал тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top