| четврток, 6 декември 2018 |

Дражен не сакаше да губи, а ми се чини дека и Лука е таков

Младата ѕвезда на Реал Мадрид, 18-годишната сензација од Словенија, Лука Дончиќ, со денови е во центарот на вниманието. Во регионот го споредуваат со ДраДражен Петровиќ, а за тоа се огласи дури и мајката на прерано починатиот великан на светската кошарка.
Бисерка Петровиќ тврди дека го следи Лука Дончиќ откако игра за Реал Мадрид.

-Видов дека се раѓа нова ѕвезда. Толку е млад, а толку зрело игра, тоа на овој Евробаскет ме потсети на Дражен. Откако замина Дражен, не сум видела момче кое во тие години игра толку зрело. Бев многу среќна што тоа повторно се случува на овие простори. Ќе продолжам да го следам Лука – рекла Бисерка за словенечките медиуми.

-Дражен велеше дека ако на овие простори се формира екипа, неа нема да ја победи ниту една друга, па дури онаа од НБА. Неговата цел е да покаже дека најдобрата кошарка се игра на Балканот. Драго ми е што тоа се покажа како точно.

Освен играта, Дражен носеше и посебна хемија во тимот…

-Примерот од Барселона, кога Хрватска играше против дрим-тимот. Дражен влегол во соблекувалната и им рекол на соиграчите „Можеме да ги победиме“. Никогаш не се повлекуваше. Секогаш одеше само напред. Дражен не сакаше да губи. А ми се чини дека и Лука е таков. Ме воодушеви и Горан Драгич, се е тоа негово и дело на тренерот. Ја вкомпонира младоста на Лука и зрелоста на Горан, а остатокот на тимот имаше фасцинантна хемија. Тоа треба да биде патоказ на сите на овие простори. Како се работи и како се доаѓа до тоа, вели мајката на легендарниот Дражен Петровиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top