| четврток, 6 декември 2018 |

Доволни му беа 90 секунди за да го воодушеви светот, Дончиќ го потопи Жалгирис (видео)

luka-doncic

Лука Дончиќ, 17-годишниот Словенец во дресот на Реал Мадрид веќе почна да го воодушевува кошаркарскиот свет. Максимално го привлече вниманието по синоќешното свое издание на дуелот од Евролигата против Жалгирис.

Во последните 90 секунди, при резултат 86-86, постигна две тројки и го одлучи победникот. Реал на крајот славеше со 96-91, а Дончиќ мечот го заврши со 17 поени, четири скока и четири асистенции, повеќе од доволно да го понесе епитетот – играч на натпреварот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top