Два ер-трактори ќе бидат вклуечни во гаснењето на пожарот во националниот парк „Пелистер“, вели Костадин Поповски, началник на битолската Против пожарна единица од Битола.
„Од Дирекцијата за заштита и спасување ни ветија дека ќе испратат два ер-трактори за гаснење на пожарот. Инаку, на терен се екипи од Противпожарната единица и од Националниот парк и се гасне. На помош се упатени уште три екипи“, вели Поповски.
Пожар избувна на тешко пристапен терен на планината Пелистер. Според Центарот за управување со кризи, активен пожар има во Националниот парк „Пелистер“, кај место викано „Изворите“ на река Шемница над село Маловишта. Гори трева и нискостеблести растенија, но има опасност пожарот да се прошири во букова шума.
Според првичните информации, густ чад се издига на потегот од Големото Езеро кон Брајчино и Маловиште. Станува збор за терен на 1.800 метри надморска височина.
Екипи од битолската пожарна, Националниот парк „Пелистер“ и од Директцијата за заштита и спасување се на терен. Поради непристапноста на теренот, побарано е во гаснењето на пожарот да се вклучат и „канадерите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)