| четврток, 6 декември 2018 |

Рангелова до Тунтев: Вашите пратеници не знаат за какви закони ќе гласаат

Пратеничката Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ денес од собраниската говорница го запраша координаотрот на СДСМ Томислав Тунтев зошто не им дозволува на пратениците од СДСМ да дебатираат за законите кои што ги предлагаат.

Рангелова нагласи дека пратениците на СДСМ се тие кои што пред да бидат мнозинство барале дебата за секој закон, а откако се дел од владеачкото мнозинство нон стоп се обидуваат набрзина да протуркаат закони без никаква дебата односно дека единствено служат за гласање на законите за Заев без притоа да ги објаснат законите.

Таа додаде дека пратениците од СДСМ очигледно не ја ни знаат содржината за законите кои што ги гласаат туку едноставно мора да ги гласаат законите кои што повеќе се популистички за пред локалните избори отколку квалитетни решенија за проблемите на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top