| четврток, 6 декември 2018 |

Рангелова: Пратениците од СДС биле уморни, не знам од што се изморија кога збор не кажаа во Собрание

Со однесувањето на позицијата како пасивна позиција, очекуваа дека и ние треба да бидеме пасивна опозиција. Јас би била посреќна доколку можев да реплицирам на некој колега од СДСМ и доколку сега тие имаат контра аргументи и да кажат зошто јавниот обвинител Марко Зврлевски треба биде разрешен. Тие одбраа да молчат, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, на денешното продолжение на собраниската седница за разрешување на јавниот обвинител, Марко Зврлевски.

Рангелова истакна дека една од причините за кои што заменикот министер за правда во неговото експозе бараше да биде разрешен Зврлевски е тоа дека тој го претставувал јавното обвинителство со молчење односно со не преземање соодветни соодветни дејствија, а денес пратениците од СДСМ го прават истото, односно молчат. Викате пратениците биле уморни, требале да одат на одмор, а не знам што се изморија кога збор не кажаа во ова Собрание на Република Македонија, барем за оваа точка, со чест на исклучоците, рече Рангелова.

Таа им порача на пратениците од СДС дека ако бараат да биде сменет Зврлевски, треба да изнесат барем еден аргумент и дека ако барем секој од нив еднаш дневно излегува на говорница, јавноста поинаку ќе го ценеше разрешувањето на Марко Зврлевски.

– Времето ќе пројде, час поскоро или подоцна ќе биде разрешен јавниот обвинител, бидејќиочигледно дека вие сакате да си направите политичко обвинителство, иако самите викавте дека не треба да има политичко обвинителство,. Сакате да донесете политички јавен обвинител, кој како што вие милувате да кажете ќе ги затвори сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ , потенцираше Рангелова.

Рангелова нагласи дека ако викаат дека треба час поскоро да се посветат на прашањата што ги засегаат граѓаните едно од тие прашања е да ги информираат граѓаните за тоа што пензијата наместо да се зголеми за 670 денари, ќе ја зголемат за само само 130 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top