Една третина од Македонците поминуваат над четири часа пред телевизор, а најчесто уживаат гледајќи вести и турски серии, покажува истражувањето на јавното мислење за различни програми на домашни телевизии и радија на Советот за радиодифузија, пренесува „Нетпрес“.
Од испитаниците дури 84,3 проценти на телевизија гледаат вести, а 62,8 проценти уживаат во турски серии, со 62,1 отсто. Во исто време, најмалку се следи образовна програма, само 8,7 проценти, цртани филмови со 7,2 проценти и детската програма е на дното со само 2,5 проценти.
Од македонските телевизии, граѓаните најмногу гледаат вести на „Сител“ – 58,1 проценти, а потоа на „Канал 5“ со 54,5 проценти и на „Телма“ со 33 проценти. Кога станува збор за сериите, граѓаните најчесто ги гледаат, исто така, на „Сител“ – 86,3 проценти, па потоа на „Канал 5“ со 79 проценти.
Повеќе од половина од граѓаните сметаат дека културните, образовните, детските, документарните, музичките и филмските програми не се доволно застапени на домашните ТВ канали и забележуваат дека на домашните канали им недостигаат содржини од претежно забавен и образовен карактер со соодветен квалитет.
Иако најмногу се гледаат, голем дел од забелешките за тоа што се прикажува на телевизија, или 24,7 отсто од испитаниците, се однесува на прекумерното емитување туски серии и немањето доволно документарни, образовни и научни емисии, а се забележува и недостиг од спортска, музичка, забавна и хумористична програма.
Родителите најмногу забележуваат на насилството кое се прикажува на телевизиите, сметајќи дека таквите сцени се посебно штетни за нивните деца, но во исто време целсоно се согласуваат дека ќе се зголеми заштитата на деца доколку секоја програма се емитува во соодветно време според тоа за која возраст е наменета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


