| четврток, 6 декември 2018 |

Награди „Еми“: The Handmaid’s Tale“ прогласена за најдобра серија

„The Handmaid’s Tale“ е прогласена за најдобра тв-серија на годинашното доделување на наградите “Еми“ во отсуство на „Игра на троновите“.
„The Handmaid’s Tale“ победи во пет категории и освои награда за најдобра серија-драма, најдобра режија, најдобра актерка (Елизабет Мос) и најдобра споредна актерка (Ен Доуд).

Серијата е снимена според романот на Маргарет Атвуд од 1985 година, а раскажува за дистопискиот свет во кој сите женски права се укинати, така што тие стануваат „предмети“ што служат за раѓање на деца.

„Еми“ наградата ја освои Стерлинг К.Браун, протагонистот од серијата „This is Us“, а во конкуренција со него беа Ентони Хопкинс и Кевин Спејси.

За најдобра мини-серија е прогласена „Big Little Lies“, додека наградата за најдобар телевизиски филм ја доби епизодата „San Junipero“ од серијата „Black Mirror“. Никол Кидман („Big Little Lies“) и Риз Ахмед („The Night of“) добија награди за најдобра актерка и актер во мини-серија.

„Veep“ освои Еми награда за најдобра комедија, додека „The Voice“ освои награда за најдобро „реалити“. Најдобро сценарио за комедија освоија Азис Ансари и Лина Веит за „Master of None“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top