ВМРО-ДПМНЕ ќе ги почитува Уставот, Деловникот за работа на Собранието и Законите, но ќе се бори за да ги зачува државните и националните интереси, изјави вечерва пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, во вестите на телевизија „Сител“ .
Според Димовски, ставот на ВМРО-ДПМНЕ уште на старт бил дека треба да се направат предвремени избори затоа што, како што вели, бројките и соодносот во Собранието не гарантираат стабилно Собрание.
-Бројките и соодносот меѓу политичките партии во Собранието не гарантираат стабилен парламент и стабилна работа. Очигледно е дека таа тензија ќе ја чувствуваме во иднина, истакна Димовски.
Според него, доколку другите политички партии одговореа на првиот повик на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени избори, тогаш партиите веќе ќе беа во кампања за избори на кои граѓаните ќе одлучуваат.
Димовски вели дека во Македонија во моментот има незрела политичка ситуација.
-Имаме губитничка партија која сака да формира влада, имаме платформа која е донесена по изборите, потенцира Димовски.
Тој посочи дека никој во Македонија на парламентарните избори на 11 декември не гласал за Тиранската платформа.
-Никој во Македонија не гласаше за отворање дебата за Закон за јазици, никој во Македонија не гласаше за декларација за некаков геноцид кој што се случил или не се случил во Република Македонија, двојазични банкноти, двојазични униформи, двојазично водење на судски постапки, потенцира Димовски, додавајќи дека затоа целата политичка состојба нема да оди на добро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димовски: Вие одлучивте во овој мандат да не се гради Клинички центар
-
Илија Димовски: Доколку се заврши оваа процедура, одговорно тврдам дека покрај Преамбулата, во Уставот ќе бидат променети најмалку 51 член (видео)
-
Мицкоски: Власта на шверцерски начин создаде манипулативно референдумско прашање
-
Со зборови на СДСМ, дури кога режимот бил пуштен на најјако, вака не било