| четврток, 6 декември 2018 |

Власта го ослободи Красниќи: По викендот, не се вратил на доодлежување

Зоран Заев и Владата го ослободија Агим Красниќи од затвор. Тој бил пуштен на викенд, но не се вратил повторно во затворот на доодлежување на затворската казна. Медиумите во неколку наврати досега предупредуваа дека можно е да дојде до вакво сценарио, а пуштањето на тешките криминалци во пресрет на локалните избори е со цел правење на изборни нерегуларности.

Медиумите на почетокот на месецов пишуваа дека еден од најпознатите осуденици во Македонија, познат по кондовската опсада на Скопје, излезе на слобода по отслужување 9 години во затвор. Прв пат по девет години, Агим Красниќи влезе во своето село Кондово на 8 септември. Неговите соселани му посакаа добредојде, со пароли на кои што пишуваше „Добредојде команданту”, јавија медиумите на почетокот на месецов.

Красниќи заедно со својата седумчлена вооружена дружина беше уапсен во 2008 година за нерегуларности и предизвикување инциденти за време на тогашните парламентарни избори, поседување оружје и злосторничко здружување. Вкупно им беа изречени преку 50 години затвор.

Красниќи од Кондово, водач на Кондовската група, која се поврзуваше со повеќе кривични дела, беше приведен после неколкудневното држење на Скопје под опсада и закани за во оружен напад од Кондово кон главниот град. Красниќи ја одлежа казната во Штипскиот затвор, каде и се венчаше со својата избраничка.

Во минатото Красниќи важеше за многу близок до претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top