Европскиот шампион „Вардар“ со триумф ја почна лига на шампиони. Избраниците на Раул Гонзалес победнички го заокружија гостувањето во полски Плок каде славеа против Висла 22-26 (9-13).
Тренерот на Вардар, Раул Гонзалез имаше причина да биде задоволен од победаа против Висла бидејќи конечно го урна малерот и со својот тим се избори за триумф во Полска.
„Среќен сум бидејќи победивме. Тука е навистина тешко да се освојат бодови. Висла има одличен тренер и добри играчи. Ние добро игравме во одбрана и тоа беше еден од главните разлики. Висла беше подобра на почетокот на вториот дел. Тоа ни донесе проблеми, но успеавме да се консолидираме и да победиме. Промашивме многу зицери на средбата“, изјави Раул.
Стрелецот на голот со кој Вардар стигна до трофејот во ЛШ во минатата сезона, Иван Чупиќ исто така го кажа своето видување на оваа средба.
„Честитки за екипата на Висла. Имаа свои добри моменти, ние бевме подобри во првото полувреме, а тие во првите 15 минути од вториот дел. Знаевме дека тие играат многу добро на домашен терен, но мислам дека заслужено победивме. Ова се многу важни бодови за нас. Знам дека на сите екипи ќе им биде тешко тука да играат, па и да победат. Ние сега ќе уживаме во победата“, беше коментарот на Чупиќ.
извор: 24ракомет,мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.