| четврток, 6 декември 2018 |

Кристијано Роналдо во судица откри дека сака да замине од Реал (Видео)

Официјално најдобариот фудбалер во светот Кристијано Роналдо на првиот ден од август се појави во судот во Мадрид. Португалецот се терети дека сокрил пари заработени за користење на неговото име меѓу 2011 и 2014 година.

Во таа тужба стои дека ЦР свесно ги користел своите работни структури како би избегнал плаќање данок. Станува збор за наводно затајување од дури 14,7 милиони евра.

За него тоа беше неверојатно и беше толку излуден од ситуацијата што посака да го напушти Реал Мадрид. Долго време се пишуваше за трансфер во ПСЖ или Монако, но ако бира срцето на Португалецот, тука нема дилеми.

Тоа го открива и снимка од судницата која почна да кружи по интернет.

-Никогаш не сум имал никакви проблеми во Англија. Како што знаете мојот живот е отворена книга. Не можам да сокријам ништо, но морам да признаам дека би сакал да се вратам во Англија, кажа Роналдо и продолжи:

-Луѓето ми кажаа дека не сум ништо крив. Не знам што правам овде, да не се викам Кристијано Роналдо, не би бил тука. Госпоѓо судијке, ве гледам во очи и ја говорам вистината, објаснува Кристијано Роналдо.

Фудбалските аналитичари низ Европа сметаат дека е прашање на време кога Роналдо ќе се врати во редовите на Манчестер Јунајтед, затоа што таму е неговиот омилен тренер Жозе Мурињо

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top