Италијанскиот стратег Џанфранко Ѕола е назначен за нов менаџер на англискиот второлигаш Бирмингам сити откако клубот ненадејно се раздели со Гери Роут.
„Чест ни е што Ѕола ќе биде наш тренер. Поради неговите фудбалски постигнувања и неговата филозофија го донесовме кај нас. Ѕола е одличен стратег и се надеваме на успеси со него – истакна клупскиот директор Панос Павлакис.
По 21 одигран натпревар во Чемпионшип девизијата, Бирмингам се наоѓа на осмото место, со 34 бода, 11 помалку од второпласираниот Брајтон, место кое води во директен пласман во Премиерлигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.