| четврток, 6 декември 2018 |

Битката за Бирмингем без победник, ВБА – Астон Вила 2-2

Фдубалската битка за Бирмингем меѓу Вест Бромвич Албион и Астон Вила заврши нерешено, 2-2, а двете екипи добија по едно полувреме. Во првиот дел домаќините ВБА беа подобри и со головите на Шејн Лонг во третата и единаесеттата минута поведоа со 2-0.

Во стартниот состав на „сино-белите“ по подолго време се најде и македонскиот репрезентативец Горан Попов, а неговиот тим не издржа докрај и освои само еден бод. Вила возврати со два гола во второто полувреме, дело на Ел Ахмади во 67 и на Вествуд во 75. Во период од осум минути двете екипи постигнаа по два гола , во две полувремиња за реми во дербито на Бирмингем.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top