Градот Скопје ги кани граѓаните на велотурата и на големиот велопикник што ќе се одржи утре од 9 до 13 часот, на паркингот на Средно Водно (во близина на жичницата). Ова дружење се организира како дел од вториот ден на Европската недела на мобилност 2017.
Од 9 до 9:30 часот пред објектот на ИЗИИС е закажано собирањето на велосипедистите што ќе учествуваат во велотурата до Средно Водно, а за во 9:30 часот е предвиден стартот на турата.
По пристигнувањето на паркингот на Средно Водно, велосипедистите и рекреативците ќе имаат можност да погледнат промоција на велосипедските продавници и сервиси во Скопје, промоција на (не)формалните велосипедски водичи, да го истражат Водно со велосипед или пеш, да уживаат во музичката програма со диџеј и многу други активности.
Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека утре во периодот од 9 до 13 часот за сообраќај ќе биде затворен патот кон Средно Водно, на потегот од објектот на ИЗИИС до Средно Водно, како и патот од „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно, освен за автобусите на ЈСП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.