| четврток, 6 декември 2018 |

Победа со Павлов и ВМРО-ДПМНЕ во Виница во првиот круг (Фото)

Со победничка атмосфера и еуфорија во Виница беше дочекана одлуката Мартин Павлов да биде кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Павлов е актуелен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Виница, лекар со долгогодишен стаж во градот, угледен и почитуван граѓанин во поширокиот регион.

Партискиот штаб беше претесен да ги собере сите членови и симпатизери кои јасно порачаа дека ВМРО-ДПМНЕ со кадар како Павлов ќе однесе победа уште во првиот круг на локалните избори закажани за 15-ти октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top