| четврток, 6 декември 2018 |

Металург со висок пораз од Монпеље ја започна новата Европска сезона

Ракометарите на македонскиот вицепрвак Металург попладнево загубија во натпреварот од 1.коло од Д групата од Лигата на шампионите од Монпеље со 32:22 (19:11). Македонскиот тимnбеше равноправен до средината на првиот дел кога резултатот беше 7:6 за домашната екипа. Но, во следните пет минути Монпеље направи серија од 6-1 за водство од 13:7 и на полувреме беше 19:11.

Во 41. минута Монпеље поведе и со 10 голови разлика (24:14). Водство кое францускиот тим го имаше и на крајот на натпреварот – 32:22.

Македонскиот и европски шампион Вардар својот натпревар од 1.коло (А група) го игра утре на гости против Висла во Плоцк со почеток во 19 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top