| четврток, 6 декември 2018 |

Голот на Барди му донесе бод на Леванте во големото градско дерби (Видео)

Македонскиот репрезентативец продолжува да импресионира со неговите игри во дресот на Лeванте, а денес го постигна единствениот гол за својот тим на големото градско дерби против Валенсија за конечни 1-1.

Двата гола паднаа во првото полувреме, а откако поведоа со 0-1 преку Родриго, во 40-тата минута домаќините израмнија откако топката не беше добро расчистена. Енис Барди по добриот прием на гради стрелаше силно во десниот долен агол од 10-тина метри на задоволство на домашните навивачи. Ова е втор гол на Барди во првите 4 натпревари на Леватне во шпанската Примера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top