| четврток, 6 декември 2018 |

Еве како Теута Арифи им врати на Македонците што гласаа за неа

На новата веб-страница на Општина Тетово нема македонска опција, таа е само на албански јазик, а кога ќе отворите http://tetovo.gov.mk ќе ви се испише целото име и презиме на градоначалничката (http://teutaarifi.com)

На страницата се наведуваат активностите на градоначалничката Арифи, а останати информации во врска со функционирањето на секторите и на одделенијата на Општината ги нема, пренесува „Телма“.

Тетовци се шокирани од овој потег особено поради тоа што на локалните избори неколку илјади Македонци гласаа за Арифи.

Општина Тетово тврди дека наскоро ќе има и веб-сајт на македонски јазик. 

Претходно, и покрај тоа што во кампањата за локалните избори Арифи ветуваше дека секогаш ќе биде поставено македонското знаме, тоа не се вее пред зградата на Општината.

Дел од тетовци коментираат дека пак ќе дојдат избори кога Арифи  ќе плаче за гласовите на Македонците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top