| четврток, 6 декември 2018 |

Во глисер кај Калишта откриени 30 килограми марихуана

Полицијата од Струга и Граничната полиција за надзор на Охридското Езеро вчера кај струшкото село Калишта откри и заплени речиси 30 килограми опојна дрога „марихуана“. Дрогата била откриена во моторен чамец – глисер закотвен на бова на околу 300 метри од брегот на Охридското Езеро.

При проверката на чамецот биле пронајдени две црни торби со по 14 пакувања тревкаста материја или вкупно 28 пакувања со вкупна тежина од околу 30 килограми марихуана. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top