Работник е тешко повреден откако паднал врз метални профили во фабриката за цевки „11-ти Октомври“ во Куманово.
МВР соопшти дека 33-годишниот работник М.С.(33) од кумановското село Горно Којнаре вчера попладне паднал од сајла за транспорт врз метални профили при што се здобил со тешка повреда на главата. Поради сериозноста на повредите, веднаш бил пренесен во Ургентниот Центар во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Куманово и државен инспектор за заштита при работа од Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.