| четврток, 6 декември 2018 |

Кумашинот на Рашковски ја регистрирал адвокатската фирма пред 2 месеци

Дејан Костиќ, кумашинот на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, е еден од основачите во адвокатското друштво КВЦ (Дејан Костиќ, Велимир Велковски и Теодора Цветаноска), кое е ангажирано за адвокатски услуги на неколку владини институции. Ова адвокатско друштво е формирано на 27 јули годинава, пред неполни два месеци, кога всушност и ги добива првите ангажмани од владини институции.

Рашковски му е венчан кум на Костиќ, кој од 2014 до пред два месеци бил самостоен адвокат. И Велимир Велковски бил самостоен адвокат, а за Теодора Цветаноска, нема податоци дали има претходно искуство, туку само дека од јули им е партнер на двајцата адвокати.

 

ВМРО-ДПМНЕ објави фактури на име на адвокатското друштво КВЦ, чии адвокати од државни институции добивале различни суми за адвокатски услуги. На пример, за присуство на една конститутивната седница на управниот одбор на „Ј.П. Јасен“ на еден од адвокатите му се платени 10.500 денари.

Костовски: СДС ги уништува институциите со спроведување целосна партизација (Видео)

„Чиста кражба на народни пари, бидејќи воопшто и не постои потреба од присуство на адвокатската канцеларија таму. Уште колку вакви фактури му има исплатено Рашковски на својот кум? Ова е скандал од огромни размери. Доколку и не се ангажира повеќе часови, доволно е секој ден адвокатот Костиќ да поработи по малку и месечно од кумот би добил над 600 000 денари или 10 000 евра. Затоа ли Рашковски крие во која постапка е ангажиран неговиот кум, кој го бирал и колку пари треба да му плати за ангажманот“, изјави неодамна за медиумите Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

На овие обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ, од Владата одговорија дека адвокатската канцеларија на Дејан Костиќ е ангажирана од Владата за регистрација на именуваните функционери во Централниот регистар. Сите други правни работи Владата ги врши преку својот правен сектор со лица вработени во минатите 10 години.

Сепак, иако досега не било пракса надворешни правни консултанти да присуствуваат на седници на акционерски друштва чиј основач и сопственик е Владата, адвикатското друштво КВЦ ја имало таа привилегија по промената на членовите на надзорните и управните одбори во повеќе државни институции.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top