| четврток, 6 декември 2018 |

Русија ја демонстрираше огнената моќ на своите подморници (Видео)

Министерството за одбрана на Русија објави снимка од крстосувачките ракети „Калибар“ за време на нивниот напад на објектите на терористичката организација Исламска држава во Сирија.
На видео снимката која што е направена од дрон на руското воено воздухопловство, се гледа како крстосувачката ракета лета до целта и ја уништува со силна експлозија, а на местото на експлозијата се подига огромен „столб“ на оган и прав.Нападот со крстосувачките ракети „Калибар“ го извеле руските подморници „Вилики Новгород“ и „Колпино“ кои што, како што пренесуваат руските медиуми, ги ракетирале командните пунктови и складиштата со оружје и муниција на Исламската држава југоисточно од градот Деир Ез Зор во истоимената провинција во Сирија.
Според руското министерство за одбрана, целите биле оддалечени од 500 до 670 километри и истите биле погодени со голема прецизност. Вкупно биле лансирани седум крстосувачки ракети и потврдено е дека сите ја погодиле својата цел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top