Жирито во состав Проф. д-р Мишо Нетков, Диме Ратајкоски и Гоце Цветановски од Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска, Театарска и Танцова Академија, овогодишната традиционална награда Љубе Цветановски, што секоја година ја доделува овој универзитет во чест на доајенот на македонскиот документарен филм за креативно истражување на современоста, за 2017 година им се доделува на Зоран Костески и Лука Суша, кои заедно во две децениското истражување отсликаа стотици македонски села, што се на прагот на исчезнување, на тој начин заштитувајќи ги од незаборавот и вградувајќи ги во македонската колективна меморија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.