| четврток, 6 декември 2018 |

Северна Кореја испали нова ракета (Видео)

Северна Кореја лансирала балистичка ракета од Пјонгјанг во правец на исток, соопшти војската на соседната Јужна Кореја. Ракетата била лансирана од квартот Сунан во Пјонгјанг.

Јапонија објави дека ракетата минала преку нејзина територија и дека паднала во водите на Тихиот Океан.

Јапонската телевизија НХК ги предупреди жителите на Хокаидо и Тохок да најдат засолниште откако проектилот ја прелета Јапонија, односно го прелетар просторот во близина на островот Хокаидо во 7:06 часот според локално време.

Според податоците на јужнокоејската војска, ракетата паднала во Тихиот Океан на 2.000 километри источно од Хокаидо, што значи дека ракетата прелетала 3.700 километри.

Инаку од Пјонгјанг до островот Гуам, американска територија во Тихиот Океан, има околу 3.400 километри. Северна Кореја претходно се закани дека нејзина цел ќе биде овој остров.

Јужна Кореја и САД ги анализираат деталите но сѐ уште не е познато каков тим на ракета лансирала Северна Кореја.

Минатиот месец кога Северна Кореја лансира ракета која ја прелета територијата на Јапонија, Токио потегот го нарече „закана без преседан“.

Новото тестирање веројатно е одговор на воените вежби кои Јужна Кореја ги организира во Јапонското Море.

САД и Јапонија веднаш побараа итна седница на Советот за безбедност на ОН, што ќе се одржи зад затворени врати.

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон ги повика сите земји да преземат нови мерки против режимот на Ким Џонг Ун и рече дека резолуциите на СБ на ОН донесени во почетокот на неделава биле „ниската, а не високата граница на мерки што треба да се преземат.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top