| четврток, 6 декември 2018 |

На Теута не ѝ е срам повторно да се кандидира

Централното претседателство на ДУИ на седницата што попладнево се одржа во партиското седиште во тетовска Мала Речица ги утврди кандидатите за градоначалници во општините каде оваа партија ќе учествува на претстојните локални избори.

„Изборите на 15 октомври се многу значајни бидејќи граѓаните на нив непосредно избираат своите претставници кои треба потоа да најдат решенија за нивните секојдневни потреби. Имајќи го предвид фактот дека ДУИ ужива најголема поддршка кај граѓаните, а нашите кандидати имаат најголема шанса да бидат избрани ние направивме широки консултации за да избереме кандидати со личен и професионален кредибилитет и јасна визија за иднината на општините“, рече портпаролот на Централниот изборен штаб на ДУИ Арбр Адеми.

Тој ги посочи и поединечните кандидати за секоја од овие општини – за Липково кандидат ќе биде магистерот по правни науки Ерхан Арифи, во Арачиново историчарот Исуф Бислими, за Чаир унивезитетскиот професор Висар Ганиу, за Шуто Оризари кандидат ќе биде правникот Џелал Чајани, за Стденичани кандидат за гардоначалник од ДУИ ќе биде хемичарот Феми Јонузи, за Сарај ќе биде правникот и член на Централното претседателство на ДУИ Блерим Беџети, во Желино повторно ќе се кандидира сегашниот градоначалник Фатмир Изаири, во Теарце исто така актиуелниот градоначалник Исен Асани, исто и за Тетово од ДУИ кандидатка ќе биде актуелната градоначалничка Теута Арифи, во Боговиње кандидат ќе биде историчарот Берзат Бејтулаху, во Врапчиште економистот Гајур Рушити, за Гостивар повторно кандидат ќе биде актуелниот градоначалник Невзат Бејта и за Дебар актуелниот градоначалник Ружди Лата ќе биде кандидат и на овие избори, како и во Кичево каде тоа ќе биде Фатмир Дехари, Исамил Јаовски ќе биде кандидат за Пласница, за Долнени ќе биде правникот Џемил Ќамили, во Струга тоа ќе биде економистот Рамиз Мерко.

За општина Брвеница ДУИ нема да номинира свој кандидат туку ќе ја поддржи независната кандидатура на актуелниот градоначалник Енвер Пајазити. За Битола, Охрид и Гази Баба ДУИ ќе учествува со заеднички листи за советници со политички партии од албанскиот блок.

Актуелната градоначалничка на Општина Тетово Теута Арифи уште претходно најави дека ќе се кандидира за функцијата. Во нејзиниот мандат тетовчани протестираа поради неспосбноста и непреземањето мерки од страна на локалната власт по избувнувањето на големиот пожар на дивата депонија што ЈКП Тетово ја користи како претоварна станица на влезот во градот кај железничката пруга што минува покрај силосите на Жито полог.

Фрлаа кеси и полн контејнер со смет пред општинакста зграда, а за време на движењето по градските улици и пред општината тие извикуваа: Сакаме да дишеме, Еве ви го ѓубрето, а скандираа и Оставка и затвор градоначалничката Теута Арифи.

Поранешниот директор на Центарот за јавно здравје, кој сега е пензионер, Џавид Фејзули посочи дека со палењето на дивата депонија хемиските материи од саметот претрпуваат промени и стануваат уште поотровни и канцерогени состојки што се шират низ целиот град.

– Очекувам дека некој од адвокатите присутни на протестот ќе поднесат кривична пријава против општина Тетово за загрозување на здравјето на населението. Човек може да не дише само околу 2 до 3 минути, но потоа мора да се дише. Овој отровен и канцероген воздух во Тетово го загрозува здравјето на сите стари, млади, деца, па дури и оние што не се родени. Ова значи зголемување на бројот на болни, но и проблеми со генетиката, изјави Фејзули.

Учесникот на протестот Дарко Гавроски ги наведе причините поради кои жителите на Тетово се незадоволни од досегашниот третман на сметот во градот. ­ Дивата депонија на влезот во градот не е дива, туку е претоварна станица за отпад што 13 години ЈКП Тетово како дел од локалната власт ја користи.

– Како е можно таа со дозвола од локалната власт да работи на тоа место. Ако веќе е претоварна станица тогаш треба да биде уредена како таква со ограда и соодветна чуварска служба за да се избегнат можностите за палење на сметот, рече Гавроски.

Ветувањата за дислокација на депонијата продолжија но таа до денеска сеуште не е дислоцирана.

Еколошкото друштво Еко Герила, рече дека новата станица е само дел од решението, а не решение на проблемот. Тие апелираат општината да ги отсрани отпадоците што е можно поскоро, во спротивно ќе им ги однесат пред општинската зграда на Општина Тетово.

– Мислам дека општината покажа дека е неспособна и дека не е заинтересирана да го реши тој проблем. Решението кое е направено на влезот на селото Требош е добро, но е дел од решението, во меѓувреме се труеме со планина од ѓубре на влезот од Тетово. Не знам дали е потребно да се однесе пред општината барем еден камион за да ги посетиме колку е тоа непријатно за жителите на оваа населба и да ги посетиме дека под итно треба да се реши оваа депонија, рече Арјанит Џафери од Еко Герила.

Градот Тетово со години се соочува со проблемот на отпадоците, додека пак на влезот во градот направена е дива депонија која од ден на ден се повеќе се шири со ѓубре и мртви животни кои исто така, се фрлаат од несовесните граѓани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top