| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал во Холивуд: Се разведува Џулија Робертс поради маж кој сите го знаеме

На Холивуд би можело да му се случи нов развод. Бракот на Џулија Робертс и Даниел Модер е готов, пишува „Радаронлајн“, а главна причина е нејзината тајна романска ни повеќе ни помалку туку со Ричард Гир.

Како што наведува „Радаронлајн“, бракот на Џулија и Даниел кој почна во 2002 година вече со години е во криза, а капката која ја прели чашата се нејзините тајни средби со Ричард Гир.

Тајните средби меѓу филмските ѕвезди траеле со години. Дружењата посебно се освежиле во 2015 година по емисијата „Туdej šou”, во која гостуваа по повод 25 години од премиерата на филмскиот хит „Убава жена“. Средбите продолжиле по хотели во кои изнајмувале соба и во неа поминувале часови и часови.

Она што Модер го навело сега да реагира е фактот што и покрај тоа што подолго време знаел за аферата на својата жена, сега таа врска се појавила во јавноста.

Се чувствувал понижен и се одлучил на развод, пишува „Радаронлајн“.

Џулија и Ричард кои во 1990 година заедно глумеа во „Убава жена“ која оса оствари планетарна популарност, во 1999 година играа и во продолжението „Невестата бегалка“.

Дали хемијата која меѓу нив се чувствуваше на екранот се пренела и во стварноста?

Познато е дека Ричард Гир е во врска со две децении помладата Алехандра Силва. Но, ни таа љубов не ги спречи средбите со Џулија?

Актерката позната по насмевката, оваа година беше во центарот на вниманието кога во август со сопругот Даниел Модер и нивните три деца ја посети Србија.

Причината за посетата било барање локации за снимањето на филмот “Mamma mia, here we go again”, чиј продуцент е Модер. Актерката пред неколку дена повторно беше фотографирана во Белград, а нејзиниот сопруг е на Вис во Хрватска каде снимањето е во нејголем ек.

Актерката синоќа во Лос Анѓелес учествуваше на “Hand in Hand” акција за помош на жртвите од ураганот Ирма во Мајами. На истиот настан беше и Ричард Гир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top