| четврток, 6 декември 2018 |

„Вардар“ вечерва игра против „Зенит“

Вечерва на фудбалерите на Вардар им е потребна поддршка од сите, момците заслужуваат полн стадион, во обидот да го срушат Зенит вечерва од 21:05.

Во текот на вчерашниот ден во продажба беа останати уште 10.000 карти, македонските спортски фанови не смеат да дозволат Вардар својот прв меч, што воедно како што пишавме е и прв меч на македонски клуб во групна фаза од едно европско натпреварување, да не се игра пред преполн стадион.

Цените на билетите за натпреварот против Зенит Санкт Петербург се следните:

За блокови 1, 6, 7, 8, 9, 10, 19, 25, 26, 27, 28, 29 и 30, цената на единечен билет ќе биде 600 МКД.

За блокови 2, 5, 14, 18, 20 и 24, единечен билет ќе се продава по цена од 900 МКД.

За блоковите 3, 4 и 15, 16, 17, 21, 22 и 23, цената на единечен билет ќе биде 1.200 МКД.

Побрзајте и набавете билети за сите три домашни натпревари на следните продажни места:

СКОПЈЕ: Југотон, Атлантик Турс, Тобако 2 Скопјанка, Тобако Корнер Југодрво, Тобако Водњанска, Тобако СП Планет, Food bar Trend City Mall, Lounge Restaurant Trend, Telekom Trend, Киоск М1 ТЦ Бисер, Киоск М1 Кисела Вода, Киоск М1 Холидеј Ин, Киоск М1 Скопјанка, М1 Медиа Бисер, Киоск М1 Центар, Киоск М1 железничка станица, Тобако Капиштец, Тобако Гоги Драчево; Метро Аеродром Александар Велики

Билетарница во С.Ц. „Јане Сандански“: секој работен ден од 10 до 18 часот.

КАВАДАРЦИ: T.A. Атлантик Турс; Метро,

СТРУМИЦА: Скала Травел;

ГЕВГЕЛИЈА: Т.А. Путник;

ГОСТИВАР: Метро 1, Метро 4

ТЕТОВО: Метро

ПРИЛЕП: Т.А. Бран;

ОХРИД: Голден Тобако, New Tobacco;

КОЧАНИ: Радио Кочани;

КУМАНОВО: Т.А. Мерион Травел;

ВЕЛЕС: Унисон.

На Вардар му е потребна вашата поддршка, на Македонија и е потребно да покаже пред Европа како се навива за боите на најтрофејниот клуб, затоа сите кои се во можност нека отидат да купат билет и да го бодриме заедно Вардар, со надеж ќе ја запише првата победа во првиот есен натпревар во Европа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top