| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ ги уништува институциите со спроведување целосна партизација: Семејството на Рашковски обезбедено на државни јасли

СДСМ ги уништува институциите со спроведување целосна партизација. Неспособните партиски кадри кои се поставуваат на местата на  професионалци немаат капацитет да работат за доброто на граѓаните. Граѓаните гледаат секојдневно како државата се задолжува милионски суми, а нивните пари се трошат за создавање на систем кој ќе работи единствено за интересите на СДС. Рашковски и Заев треба да знаат дека одговорноста и правната држава во Македонија ќе се вратат набргу, кога СДС ќе падне од власт. За секое незаконско дело или постапка тие што се огрешиле од законот ќе сносат целосна одговорност. Сите оние кои сега им помагаат и се извршители или соизвршители треба да знае дека за секоје незаконско дело ќе одговараат и никој од СДС нема да ги зашити.

Граѓанин вработен во администрацијата или приватниот сектор платата од 25.000 денари месечно ќе треба макотрпно да си ја одработи. Но, доколку му е кум на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, истиот профит ќе може да го оствари за само неколку часа.

Костовски: СДС ги уништува институциите со спроведување целосна партизација (Видео)

Влатата на РМ ја ангажира адвокатската фирма на кумот на Драги Рашковски, Дејан Костиќ, да ги работи сите правни работи во Владата, како што се кадровски смени, решенија, свикување седници, изготвување инфоформации и други работи кои веќе ги работеа вработени во Владата. Освен тоа, истита фирма е ангажирана за регистрација на именуваните функционери во Централниот регистар.

Ова престатавува двоен трошок во Буџетот, што директно оди на штета граѓаните, кои се уште ги чекаат големите ветувања на Заев кои ги даде пред изборите, а сега ретерира од нив.

-Непотизмот секогаш бил главна карактерна особина на СДС, но Драги Рашковски ги надмина сите непотистички потези на СДС. Овој документ покажува дека Владата на Република Македонија, преку генерелниот секретар Драги Рашковски, го овластила адвокатот Дејан Костиќ, кој е кум на Драги Рашковски да свикува управни и надзорни одбори, да оди по институции, да ги притиска, да се однесува некултурно, буквално да дивее по македонските институции, да навредува и омаловажува. Значи кумот на Драги Рашкоски се прави газда по македонските институции. Срамно, недостоинствено и неодговорно. Само затоа што Рашковски му е кум. Па, кај го има ова? Па кој е должен да го трпи ова самоволие? Што се замислуваат овие луѓе од владата? Ќе следува одговорност за секого кој покажува вакво самоволие, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак, Рашковски не запира тука. Во државни јасли ја обезбеди и баба си, мајката на неговата сопруга Вероника Начевска – Елена. За разлика од кумот, бабата ќе работела бесплатно, односно дури и ако добиела надоместок, ќе го донирала.

Владата ја именува бабата на Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, за претседател на Комисија во Централниот регистар. Елена Начевска, мајката на неговата сопруга, е назначена на владина седница одржана на 9 август.

Од Владата не одговaраат на чиј предлог е назначена Начевска, ниту пак дали Рашковски ја информирал Владата дека се работи за негова блиска роднина, туку дека ќе ја вршела функцијата без никаков надоместок.

„Начевска е член на ад хок комисија во рамките на Централниот регистар која не е поврзана со јавни набавки и чии членови немаат месечен надоместок. Таа комисија има стриктни услови за избор – 5 години искуство после правосуден и сл. Елена Начевска работи 20 години во Основен суд Скопје 2. Доколку има надоместок истиот ќе биде пријавен и Начевска најавува дека ќе го донира во хуманитарни цели во Домот за деца без родители. Комисијата во Централниот регистар е вон функција 10 месеци, бидејќи сите членови си дадоа отказ, а никој не сакал да работи во неа бидејќи не се плаќа, односно се покриваат само минимален износ за патни трошоци“, велат од Владата.

Комисијата, чиј претседател е Начевска, е второстепена комисија која постапува по жалби и нејзините одлуки се извршни за Централниот регистар, како првостепен орган. На пример, оваа Комисија одлучува доколку до нив стигне жалба за некоја одлука на Централниот регистар како забрана за вршење на дејноста на некое правно лице или пак одлука за бришење на некоја фирма.

ВМРО-ДПМНЕ секојдневно го прозива Рашковски за непотизам, бидејќи на повеќе функции поставил свои блиски луѓе.

-Повторно на дело се покажа непотизмот на владата предводена од СДС. Генералниот секретар на владата, Драги Рашковски ја поставил бабата за претседател на второстепена владина комисија. Елена Начевска која е мајка на Вероника Начевска, сопругата на Драги Рашковски е избрана за претседател на Комисијата за жалби, што покажува дека непотизмот во владата на Заев и СДС добива невидени размери, изјави денеска Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top