| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдо испиша историја во ЛШ со вториот гол, па направи нешто невообичаено (Видео)

Кристијано Роналдо на голема врата се врати во првиот тим на Реал Мадрид, а со своето издание против АПОЕЛ само уште еднаш покажа колку е значаен за неговиот тим, особено кога се реализаторските способности во прашање.

Роналдо постигна два гола во победата од 3:0 на Реал Мадрид, но интересно е тоа што со вториот кој го даде од белата точка испиша историја, а истовремено изведе и невообичаен потег.

Кристијано со погодокот стана најдобриот изведувач на пенали во историјата на Лигата на шампионите (12-ти гол), но она што посебно ги зачуди фановите на „Бернабеу“ е потегот кој следеше после тоа.

Наместо да слави, Роналдо тргна по топката и веднаш ја врати на центарот (ситуација која се гледа кога вашиот тим губи), а со самото тоа само уште еднаш ни демонстрираше колкава глад има за постигнување погодоци и колкава е неговата желба за игра со оглед на тоа што веќе извесно време мораше да гледа само од трибините поради суспензијата во Примера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top