| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ со сите законски можности ќе се спротивстави на двојната јазична федерација

-Дозволете ми да најавам дека ќе ги користиме сите возможни уставни, правни, законски и деловнички можности за да се спротиставиме на носење закон кој што нема да донесе ништо добро за Република Македонија туку ќе воспостави двоен правен систем, двојно општество, двојна јазична федерација, рече Димовски.

Тој денес на прес конференција заедно со останатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ најавија дека ќе се спротистават на неуставниот закон за двојазичност како и на кршењето на сите процедури од страна на Талат Џафери по однос на овој закон.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top