Барселона и Јувентус денеска ќе го одиграат најинтересниот натпрервар во отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите, а тоа секако ќе биде реприза на четвртфиналето од минатата сезона кога италијанскиот шампион доминантно и без примен гол во двете средби се пласираше во наредната рунда.
Тренерот Масимилијано Алегри истакна дека ќе биде речиси невозможно неговиот тим трет натпревар по ред да го сочува голот против Барселона, но од друга страна пак, многу поголемо внимание привлече изјавата на Пауло Дибала кој на прес-конференцијата во пресрет на мечот призна дека не може да игра баш најдобро во друштво на Лионел Меси кој е негов голем идол и пример.
– Меси игра на мојата позиција и јас можам да научам многу работи гледајќи го него. Како ја чита играта, како размислува, како ги гледа движењата на своите соиграчи… Тоа може да ми помогне многу во иднина. Навистина ми е тешко да играм со него во ист тим бидејќи играме на иста позиција, но во секој случај, јас морам да се адаптирам на неговата игра и тој да се чувствува комотно кога играме за Аргентина. Ја имам честа да го имам крај мене во репрезентацијата и знам дека ќе научам многу работи од него, – истакнал Дибала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“