Кон скопскиот регион за околу половина час се очекува да наиде нестабилна возудушна маса со интензивен пороен дожд, грмежи силен ветер и електрични празнења, локално и во форма на невреме, соопшти попладнево УХМР. Во меѓувреме, во поголемиот дел од градот, обилните врнежи и силниот ветер пристигнаа и ги изненадија скопјани.
Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека нестабилната воздушна маса доаѓа од албанското подрачје и се придвижува кон Македонија.
Кон крајот на денот и во вечерните часови се очекува нестабилното време да ја зафати целата држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.