| четврток, 6 декември 2018 |

Хаити ја изненади Италија (видео)

Репрезентацијата на Хаити направи сензација со два гола во финишот на натпреварот против Италија и се избори за нерешен резултат, 2-2. Апсолутниот фаворит и четирикратен светски првак поведе со 2-0 со головите на Гјачерини и на Маркизио, но не успеа да победи.

Милиен од пенал во 85. минута намали на 1-2 за Хаити, а 63-рангираната светска селекција израмни во судиското продолжение со голот на Пегеро. Италија е осма на ранг-листата на ФИФА, па резултатот е изненадувачки.

Хаити е незгоден противник за „аѕурите“, а играа уште еднаш претходно на Светското првенство во Германија во 1974 година. И тогаш, аутсајдерот им зададе многу проблеми на италијанските репрезентативци, а Емануел Санон со погодок ја прекина фантастичната серија на легендарниот Дино Ѕоф од 1142 минути без примен гол. Тој рекорд сѐ уште е важечки, а Италија, сепак, направи пресврт и победи со 3-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top