| четврток, 6 декември 2018 |

Се мобилизира албанската дијаспора: СДСМ и ДУИ подготвуваат фалсификат за изборите во Кичево

Албанските иселеници од целата дијаспора „сами по сопствена иницијатива“ ќе дојдат да гласаат во Кичево на 15 октомври. Порталот „Тетова сот“ дознава дека иселениците веќе почнале да резервираат авиобилети за деното на изборите за да му дадат поддршка на Фатмир Дехари, кандидатот на ДУИ.

„Да, точно е дека резервациите почнаа, некои се направени за една недела порано односно за на 10 октомври, некои на 15 октомври за да одат специјално за поддршка на Фатмир Дехари. Досега резервиравме голем број билети и само што дознав дека дури и во некои други земји почнаа со авионски резервации“, изјавил вработен во агенција од Швајцарија за „Тетова сот“.

Албанците и ДУИ добија голема поддршка од САД во 2013 година, што му зададе голем удар на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

Со оружје до градоначалник на Кичево

Во битката за втор мандат кандидатот на ДУИ Фатмир Дехари ќе се соочи со двајца македонски кандидати. На овие избори Дехари има поддршка од сите албански партии. Тие настапуваат со заеднички кандидат за да не го раситнуваат гласачкото тело и повеќе шанси да има кандидат Албанец. Партиите, сепак, ќе се натпреваруваат со свои листи на советници.

„На овие избори, Кичево со иселениците ќе биде победник и така ќе остане во раката на Фатмир Дехари“, се заклучува во текстот на „Тетова сот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top