Голем број македонски граѓани живеат на Флорида каде ураганот Ирма се повеќе се приближува. Биснисменот Ѓоргија Џорџ Атанасовски живее во централниот дел на Флорида на Ормонд Бич. Во телефонски разговор за ТВ Нова раскажа дека во овој дел од Флорида се уште не демне никаква опасност.
Тука Македонци има стотици, и тие се уште се во своите домови. Атанасовски вели од информациите што ги следат, доколку се закани некаква опасност, ќе се закани утре. Денешниот ден е заканувачки за југот, не за центарот.
Елизабета Никол, поранешна новинарка од Македонија живее во Нејплс, во јужниот дел од Флорида, каде во моментов состојбата е најкритична. На својот профил на Фејсбук напиша дека само Господ може да ги спаси од страшниот ураган и дека им е потребна молитва. Преку нејзини пријатели дознаваме дека за среќа таа успеала да се евакуира во Атланта и е загрижена во каква состојба ќе ги начекаат своите имоти кога ќе се вратат назад. Прогнозите за Атланта се бура проследена со дожд и грмежи, нема најави за посериозни временски непогоди предизвикани од ураганот.
До македонската амбасада во Вашингон во моментов не се обратиле за помош македонски државјани.Телефонските броеви за контакт со македонската амбасада во Вашингтон на кои може да се обратат македонските граѓани во секое време се: 202-390-7418 и 202-667-0501“, соопштуваат од МНР.
Од МНР со препорака до Македонците во САД постојано да се информираат за ситуацијата, да ги следат упатствата на локалните власти, да не ја потценуваат опасноста и доколку постои препорака за евакуација да ја почитуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)