| четврток, 6 декември 2018 |

Хилари Клинтон ја презеде одговорноста за нападот на амбасадата на САД во Бенгази

Државниот секретар на САД Хилари Клинтон денеска изјави пред Конгресот дека ја презема целосната одговорност за напад на американската амбасада во Либија минатата година поради пропусти во организирање на безбедноста.

– Ја преземам одговорноста, рекла Клинтон за време на сведочењето пред комитетот на Сенатот за надворешни работи, осврнувајќи се на пропустите во обезбедувањето.

Сведочењето беше закажано за минатата година, но поради болеста на Клинтон се одложи за годинава.

Во нападот извршен на 11 септември врз амбасадата на САД во Либија беа убиени четворица дипломати меѓу кои и американскиот амбасадор Кристофер Стивенс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top