Проектот „Супер Скопје“ се реализира во насока на подобрување на културно-забавната понуда во Скопје, а истата доаѓа на предлог и иницијатива на сопственици и менаџерите на угостителски објекти од повеќе локации од Скопје. Програмата и изборот на изведувачите, исто така, е правена по директен предлог на угостителите.
Бројна публика во Дебар Маало. Коце Трајановски и Град Скопје понудија одлична забава со „Супер Скопје“.
Големата забава Супер Скопје, која се одржува неколку викенди по ред,продолжи и вечерва со почеток во 21 часот. Посетителите, на сцената поставена на Боемска улица 2, се забавуваа со Нино Величковски и Тамбураши, Љубојна и Џамбо Агушев Оркестар.
Организатор на „Супер Скопје“ е ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, а за реализацијата се задолжени „Горила Вајлд ентертејмент груп“ (Gorilla wild entertainment group).
Вечерите кога се одржува „Супер Скопје“ работното време на угостителските локали е продолжен за еден час.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.