| четврток, 6 декември 2018 |

Ова се Харви и Ирма: Зошто ураганите ги носат нашите имиња? (ВИДЕО)

Харви (104) и Ирма (92) Шлутер се сеќаваат кога првпат во животот виделе авион и слетување на човекот на Месечината. Ирма се сеќава и какво било времето кога пред нејзината куќа бил убиен Кенеди, но оваа брачна двојка никогаш не видела олку разорни урагани, кои згора на се, ги носат нивните имиња.
– Не знам како е можно ураганите да бидат Ирма и Харви. Навистина е тажно, вели Ирма за Њујорк тајмс.

Милиони луѓе останаа без домови поради најголемиот ураган на сите времиња забележан во Атлантскиот Океан.
Харви и Ирма, пак, заедно создаваат живот веќе 75 години и ураган виделе само на телевизија, Поголемиот дел од животот го поминале во Спокан, а бидејќи двајцата потекнуваат од големи семејства и самите сакале да бидат опкружени со деца. Станале хранители и низн нивната куќа поминале 120 деца.
Текстот во Њујорк тајмс привлекол големо внимание, а на Фејсбук е споделен повеќе од 42.000 пати.

– Имаат ли син што се вика Хосе, стои во еден од коментарите токму на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top