| четврток, 6 декември 2018 |

Вистината за животот по смртта

Професорот по физика од Универзитет во Калифорнија Шон Карол тврди дека постои живот по смртта, што е и основа на многу религии.
„Ние потполно ги разбираме законите на физиката што се одвиваат во заднина на секојдневниот живот“, вели Керол и додава дека се што се случува во стварноста мора да биде во рамката на возможното.

За да постои животот по смртта, свеста мора да биде одвоена од нашето физичко тело, а тоа не е случај, тврди физичарот.

Свеста е на доста елемантарно ниво, низ атоми и електрони кои го створуваат она што го нарекуваме ум.

Карол смета дека законите на физиката не им дозволуваат на тие честички да функционираат на тој начин по човечковата смрт.

„Идејата е дека некој вид на свест постои затоа што нашата тела умираат и се распаѓаат на атоми кои конституираат телото и има еден голем, непремостлив проблем. Имено, ние потполно ги разбираме законите на физиката кои го одредуваат нашиот секојдневен живот и не постои ниту еден начин тие закони да дозволат “преживување“ на информациите похраните во нашите мозоци по смртта“, напиша Карол за Сајнтифик американ.

„Не постои причина да бидеме агностици околу идеите кои се драматично некомпатибилни со се што знаеме во модерната наука. Една кога ќе ја навладееме нашата неволја да се соочиме со старноста по ова прашање, можеме да позабавиме со многу интересни прашања, како оние за начинот на кои човековата свет навистина функционира“, заклучува Карол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top