| четврток, 6 декември 2018 |

УМС на „Младински маалски средби“ во Делчево: Убедливо победуваме на локалните избори

Младите порачаа дека младинската организација на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била посплотена и не биле толку решени да ги сочуваат темелите на државноста на Република Македонија, а како што велат младите од ВМРО-ДПМНЕ со потезите кои ги прави новата Владата на СДСМ директно се удира по истите

Победничката атмосфера на средбите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ се чувствува во сите градови каде што се случуваат маалски средби, кои се последната организирана активност на младинската организација на опозициската партија, каде што тие ги слушаат проблемите и потребите на младите од Македонија.

Денеска Унијата на млади сили имаше маалска средба во Делчево, каде што се собраа голем број млади луѓе, кои порачаа дека победата за ВМРО-ДПМНЕ во Делчево е сигурна и тоа уште во првиот круг.

Младите јасно порачаа дека ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија која силно работи за потребите на младите во државата, а претставниците на УМС кои беа во Делчево, каде порачаа дека по враќањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, младите повторно ќе го добијат својот партнер кој секогаш беше тука да им помага.

Младите порачаа дека младинската организација на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била посплотена и не биле толку решени да ги сочуваат темелите на државноста на Република Македонија, а како што велат младите од ВМРО-ДПМНЕ со потезите кои ги прави новата Владата на СДСМ директно се удира по истите.

Инаку, покрај еуфоричната атмосфера во комитетите и собирите на ВМРО-ДПМНЕ, победа на локалните избори предвидуваат и испитувањата на јавното мислење на граѓаните. Анкетите на институтот „Павел Шатев“ покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде до голема победа на претстојните локални избори.

37.8 отсто од анкетираните граѓани сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, додека 20.7 отсто велат дека тоа ќе биде СДСМ.

Доколку следната недела има избори, гласот за ВМРО-ДПМНЕ би го дале 26.7 отсто од испитаниците, а 18.8. за СДСМ.

На прашањето, „Помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кој има подобра партиска програма (без испитаници Албанци)“, високи 49.6 проценти одговориле ВМРО-ДПМНЕ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top