Вечерва се собравме тука во античкиот театар во Охрид да ја одбележиме 26-тата годишнина, на најбројната и најсилна младинска организација во Македонија, Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ. Нека ни е честита годишнита, нека се множат годините и успесите – посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во својот говор пред присутните на прославата на годишнината на УМС.
Според него УМС може да се пофали со успеси низ овие 26 години, и денес. Вели беше и остана еден од клучните столбови на ВМРО-ДПМНЕ, а преку партијата, низ годините и во државата, во нашата држава Република Македонија.
– Секогаш активна, секогш храбра, секогаш подготвена, расадник на кадри, УМС низ годините само потврдуваше дека и ВМРО-ДПМНЕ и Македонија имаат иднина, имаат сила, имаат енергија, имаат потенцијал и луѓе на кои во иднина оваа држава и овој народ може да се потпре. И така и беше. Десетици и стотици припадници на УМС превземаа високи одговорности, од министри, заменици министри и директори, до креатори на идеи, реализатори на тие идеи, креатори на решенија на многу проблеми на младите но и многу повеќе од тоа, илјадници млади луѓе, секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ ја водеше Македонија, докажаа и дека можеме, и дека сакаме и дека знаеме како. Покажаа со труд, со работа и со резултати. Така се сака Македонија. Со неуморна работа, рамо до рамо со повозрасните ја направивме Македонија петта најдобра држава во Европа и десета во светот по условите за правење бизнис, што пак ни помогна да привлечиме многу домашни и странски инвеститори да вложат свои пари тука кај нас во Македонија, и да отворат нови работни места за илјадници млади луѓе, кои ако немаа друга алтернатива, ако останеше на власт СДСМ со своите претходни политики кои ги одвраќаа инвеститорите, ќе мораа да заминат надвор од Македонија. Во исклучително тешки околности, економски и политички кризи, успеавме заедно со Вас, со заеднички труд да создадеме нови над 172 илјади работни места, и исто толку луѓе и нивните фамилии да ги задржиме во Македонија и да ги направиме посреќни и со перспектива, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер