| четврток, 6 декември 2018 |

За Теута Арифи денеска не е државен празник

Политичките претавници на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ кои единствено беа присутни на скромното одбележување на денот на независноста пред Споменикот на револуцијата во центарот на градот, го осудија односот на градските власти, кои ниту ги организираат државните празници а годинава одлучија да не испратат и нивен преставник на чествувањето. Горан Манојлоски од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, вели дека градската власт не почитувајќи ги државните празници, ги повредува чуствата на тетовци.

И од општинската организација на СДСМ ја осудија одлуката на Општината Тетово, која годинава одлучи да не испрати свој преставник на одбележувањето.

Последниве неколку години Општина Тетово не ги организира празниците, ниту Денот на независноста нитуИлинден. Минатата година на 8 Септември испрати само преставник на чествувањето пред Споменикот на револуцијата кое го организираше Сојузот на борци, годинава реши целосно да го игнонира Денот на независноста на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top