Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски се очекува денеска во Њујорк да се сретне со генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун, додека за утре е закажана средба со медијаторот Метју Нимиц. Министерот за државната агенција МИА потврдил дека средбата со Генералниот секретар ќе се оддржи доцна навечер по македонско време.
Вчера пак се одбележа дваесетгодишнината од приемот на Република Македонија во ООН, заедно со Чешката Република, Словачка Андора и Монако.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.