Срцето на деветгодишната Марина не ја издржа 11 часовната операција. Состојбата на детето била комплицирана заради долгото седење дома без лекарска нега, посочи Директорката на Клиниката за детски болести д-р Аспазија Софијанова.
-Поради слабото срце девојчето имаше проблеми со другите органи. Операцијата за жал не го спаси детето, вели Софијанова.
Малата Марија Цветноска од Црешнево кај Македонски Брод ја немаше среќата како останатите седум деца на кои успешно им беше направена интервенција од страна на американските и македонските хирурзи на детска хирургија. Меѓу нив и едно новороденче, а другите бебиња над два месеца. Колку порано се дојде на интервенција, толку се поголеми шансите за продолжување на животот. Докторите велат дека ова не е прв случај на време да не се донесе дете со тешка срцева маана.
-Апелирам на време да се носат децата, да не се чека, тука сме да помогнеме, изјави д-р. Аспазија Софијанова, директорка на Клиниката за детски болести. Приказната за Марина и нејзиното повеќедетсно семејство во кое родителите живееја без постојано вработување, за јавноста ја откри Канал 5.
По телевизискиот прилог на Канал 5 за ова десетчлено семејство кое живее во сиромаштија без елементарни хигиенски услови во една соба со три кревети, реагираа надлежните институции и одговорните на проектот за спас на децата со срцеви заболувања во Македонија. Покрај бесплатната операција транспортот и постоперативното закрепнување на Марина, како што информираат локалните власти од Брод по вчерашната потресна сторија за семејството Цветноски на Канал 5 , нејзината мајка Маја доби ветување за работа како хигиеничарка во подрачното училиште .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Неговите зборови го параат срцето: Дарко пред несреќата ја открил големата тајна за својата свршеница!
-
Татко му го убија со Аркан, а потоа улицата го зема под свое – сега е татко и сопруг на убавата водителка!
-
Се уште имам проблем: Марина Туцаковиќ прв пат проговори за борбата со тешката болест
-
И покрај тешката болест, го доживеа ова: Марина Туцаковиќ се разочара!