Во пресрет на утрешниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Леванте, „АС“ во посебна вест го издвои македонскиот фудбалер и го спореди со Дејвид Бекам. Енис Барди има фантастичен слободен удар и токму тоа е причината за споредбата со Англичанецот.
– Енис Барди, новиот Дејвид Бекам игра за Леванте, пишува во својот наслов шпанскиот медиум.
– Постигна четири погодоци досега, Барди го напушти Ујпешт од Унгарија, и станува збор за фантастичен фудбалер кој доаѓа од Македонија, стои во статијата на шпанскиот весник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.