Еден од најтаинствените парови во Холивуд конечно е забележан и фотографиран. За врската на Џејмс Фокс и Кејт Холмс се зборува веќе со години, а ова е прв пат да се видени заедно во јавност. По четири години шпекулации конечно е потврдено дека глумците се во врска.
Тие во неделата биле видени на плажа во Малибу како шетаат држејќи се за раце. За нивната врска се зборува уште од 2013 година, но никогаш не ја потврдија, дури и ги демантираа гласините. Како што пренесоа странските медиуми, причина за тоа наводно е договорот што актерката го потпишала по разводот со Том Круз, а според договорот, Кејти не смеела да биде во врска со никого пет години по разводот.
За потсетување, поранешната двојка Том и Кејти, заедно имаат ќерка Сури.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.