| четврток, 6 декември 2018 |

„Кучкин син! Црнчуго!“: Актерот запрепастен од искуството во Хрватска

Холивудскиот актер Џејми Фокс вечерал во еден престижен ресторан во Дубровник кога двајца гостини започнале да го навредуваат на расистичка база. Се било снимено.

Актерот веќе неколку дена престојува во хрватскиот град. Со својата холивудска придружба се шета низ градот, а покрај тоа ги посетува и престижните ресторани Токму во еден од нив вчера Џејми седнал да вечера. Уживањето во врвната гастрономија го нарушиле двајца посетители на ресторанот кои започнале да го навредуваат. Дошле до неговата маса и го навредувале на расистичка база извикувајќи „Курвин сине!“ и „Црнчуго“.

Персоналот веднаш ги избркал овие некултурни гости.

jamie-foxx-go-izvregjale-vo-dubrovnik-2

За инцидентот проговорил и самиот Фокс на „Инстаграм“. Објавил две видеа во кои што зборува за расистичките забелешки на двајцата гости. Судејќи според видеото, персоналот на ресторанот брзо реагирале и ги испратиле овие некултурни гости па така го спречиле од понатамошни непријатности овој популарен актер.

Но, оваа случка апсолутно не влијаела врз расположението на Џејми па тој продолжил со својата придружба да ужива во вечерата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top