Сури Круз, ќерката на Том Круз и Кејти Холмс, папараците ја фатиле како чека пред приватното училиште, телефонира и чека некој да ја земе од училиште.
Не е познато дали родителите ја заборавиле да ја замат по завршување на часовите или нешто се случило непредвидливо.
Иако само што наполни 10 години, Сури е навикната да биде во центар на вниманието по бурниот развод на нејзините родители и гласините кои се шират за нив.
Холмс го доби старателството над ќерката по разводот, а Круз ја гледа ќерката секогаш кога е во можност, иако, според медиумите, тоа не е толку често.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.